Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата и доделила државно земјиште од 1119 м2 на жена му на Ковачевски за багателна цена од 70 денари за м2

Стоилковски: Ковачевски е заложник на ДУИ и на Али Ахмети

Ковачевски бараше да не му се спомнува семејството, ама тој упорно го вмешува во своите скандали и бизниси. Последниот случај е дури чисто безобразие. Во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, владата на Ковачевски на сопруга на Ковачевски и овозможува милионски повластици, се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Со одлука на владата, во која Ковачевски е премиер, г-ѓата Ковачевска добила државно земјиште по џабе цена од 70 денари за метар квадратен. На 14 март Владата и доделила на компанијата на сопругата на Ковачевски 1.119 м2 во Радовиш по багателна цена за нивниот соларен бизнис.

За 70 денари граѓаните не можат килограм кромид да купат, а г-ѓата Ковачевска добила земјиште со потпис на Артан Груби. Демек ако потпишал Груби, наместо Ковачевски, нема да има никаков проблем“, додаваат од оваа партија.

Очигледно, како што велат, Ковачевски и Груби решиле да си чуваат грб во криминалите еден на друг. „Прво Ковачевски го поддржа Груби за скандалот со тендерот за надзорот и имотите на луѓето блиски до Груби, а сега овој му се заблагодарува со можност сопругата на Ковачевски да добие 1119м2 за само 1.273 евра. Во време кога владее невидена сиромаштија, кога компании ставаат клуч на врата, за само илјада и кусур евра жена му на Ковачевски добива можност за милионски бизнис.

Ако мислат дека си ги кријат криминалите на овој начин многу се лажат. И Груби и Ковачевски еден ден ќе одговараат за сите криминали и скандали“, е потенцирано во пишаната реакција од оваа партија.

Можете да прочитате

Кешишев со нова шокантна изјава: Палчо го натерал да го напише писмото во кое тврди дека не е виновен

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд