Освојувачите на Лигата на шампиони, Реал Мадрид добиле најмногу пари од УЕФА минатата сзона со 133.7 милиони евра, потврди европската федерација, посочувајќи дека добиле пари за влегување во групната фаза на ЛШ, за резултатите, како дел од шпанските ТВ-права и дополнителна исплата за историските достигнувања во натпреварувањата на УЕФА.
Ливерпул, кои го загубија финалето од Мадрид добија 120 милиони евра, а над 100 милиони заработија и Баерн Минхен (110 милиони евра) и Манчестер сити (109 милиони евра).
Според УЕФА, 32-те клуба кои играа во групната фаза на ЛШ добија просечно 61.8 милиони евра, со 23.7 милиони евра како најмала сума за молдавскиот шампион Шериф Тираспол.
Барселона доби 64.6 милиони евра од ЛШ, а по елиминацијата во групната фаза добија и 6.4 милиони евра за Лига Европа. Шампионот од Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт доби 38 милиони евра, а финалистот Глазгов Ренџерс 20.7 миилиони евра. Во новата Конференциска лига, шампионот Рома доби 19.2 милиони евра.
Парите во женскиот фудбал се минимални – шампионот Лион доби 1.46 милиони евра, а финалистот Барселона 1.26 милиони евра. Женската ЛШ има посебни договори за спонзорство и ТВ-права, иако од оваа сезона добиваат и дополнителни 10 милиони евра од машкото издание.