Утрински Весник
Македонија

Нов протест на културните работници пред Владата

Нов протест на културните работници пред Владата

Денеска, во период од 13 до 15 часот, пред Владата, вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, повторно преку мирен протест ќе го изразат незадоволството поради своите недостоинствени месечни примања.

dobivaj vesti na viber

Реагираат дека во Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство платите на речиси 70 % од вработените се под просечната плата во Република Северна Македонија, а разликата со платите на вработените на истите позиции во установите од областа на културата е и по 10.000 денари.

Вработените во овие три институции, како што велат, бараат покачување на платите по примерот на вработените во Министерството за финансии, кои со закон се зголемија 30 %.

Можете да прочитате

Работник во рудник донесен повреден во болница

Левица: Ревизорски шамар за ПИОМ – Каде завршија милиони евра на граѓаните?!

Турски врвен уролог изведе четири сложени операции на Клиниката за урологија во Скопје