Утрински Весник
Спорт

Меси добил нестварна понуда од Саудиска Арабија

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Се уште не е познато каде ќе игра Лионел Меси следната сезона. Неговиот договор со Пари Сен Жермен истекува на лето и извори блиски до славниот Аргентинец велат дека тој нема намера да остане во Франција следната сезона.

dobivaj vesti na viber

Барселона потврди дека е во контакт со Меси и неговото семејство, потпретседателот на Каталонците Рафа Јусте проговори за можното враќање на Аргентинецот, но клубот се уште бара начин како би можел да го вратат во „Камп Ноу“.

Од друга страна, од Саудиска Арабија пристигнуваат вести дека Ал Хилал е подготвен да му плаќа на Меси 220 милиони евра годишно, со што би станал најплатен фудбалер во светот. Познато е дека Кристијано Роналдо добива 200 милиони евра годишно во Ал Наср.

Договорот на Меси со ПСЖ е до крајот на јуни 2023 година, кога ќе го прослави својот 36 роденден. Тој оваа сезона одигра 32 натпревари за „светците“ во сите натпреварувања, постигнувајќи 18 гола и забележа 17 асистенции.

Можете да прочитате

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер