Утрински Весник
Спорт

Златан Ибрахимовиќ доби понуда од друг клуб од Серија А

Златан Ибрахимовиќ доби понуда од друг клуб од Серија А

Златан Ибрахимовиќ сака да продолжи да игра и по завршувањето на оваа сезона. Се шпекулира дека би останал во Италија, договорот со Милан му истекува во јуни и нема да му биде понудено продолжување, но Швеѓанецот веќе има понуда.

dobivaj vesti na viber

Монца го сака Ибрахимовиќ, а Адријано Галијани се надева дека ќе го убеди да потпише договор со екипата која за првпат оваа сезона е во елитата и релативно лесно ќе избори опстанок.

Монца е во рацете на Силвио Берлускони, кој за нешто повеќе од три години ги донесе од третата лига до Серија А.

Ибрахимовиќ следниот октомври ќе наполни 42 години, долго време беше повреден, се уште сака да игра, иако се шпекулира дека Милан ќе му понуди една од менаџерските позиции во клубот.

Монца географски би одговарала на желбите на Златан, а тој би останал во една од најсилните лиги во светот.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет