Аргентина го победи Курасао со 7:0 во пријателски натпревар, а Лионел Меси постигна хет-трик. Сите три гола ги постигна во првото полувреме, а влезе во историјата како прв Аргентинец кој дал 100 голови во дресот на националниот тим.
Лео стигна до досега незамисливото остварување и зад своето име сега има 102 гола за „гаучосите“. Аргентинскиот гениј му се доближи на Али Даеи кој во кариерата постигна 109 гола за Иран и се наоѓа на второ место на вечната листа.
На првото место на вечната листа на стрелците за националните селекции е Кристијано Роналдо со 122 гола, но и тој сѐ уште игра за Португалија и може го подобрува светскиот рекорд.