Утрински Весник
Спорт

Тухел му мавна клоца на играч од 50 милиони евра

Тухел му мавна клоца на играч од 50 милиони евра

Германскиот тренер Томас Тухел го презеде Баерн откако раководството на клубот го отпушти Јулијан Нагелсман. Тухел ги води тренинзите на Баерн за време на репрезентативната пауза.

dobivaj vesti na viber

Лерој Сане, напаѓачот кого Баерн пред три години го плати 50 милиони евра, се врати на тренинзите. Сане не беше повикан во репрезентацијата, а не тренираше извесно време бидејќи беше кај семејството во Лондон.

На социјалните мрежи се појави видео на кое Тухел му удира клоца на Сане на тренингот.

Германското крило оваа сезона постигна 13 гола и забележа седум асистенции, но германските медиуми го критикуваа поради недостиг на дисциплина.

Тој задоцнил на собирот пред заминувањето за Менхенгладбах, поради што беше остранет од тимот. Баерн тој меч го загуби со 2:3.

Во 2020 година Баерн го донесе Сане од Манчестер сити за 50 милиони евра. Досега за германскиот клуб одигра 121 натпревар, на кои постигна 37 и асистираше за 34 гола.

Неговиот договор со Баерн е со важност до летото 2025 година. „Трансфермаркт“, неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари