Утрински Весник
Македонија

Четири лица уапсени поради дрога во Скопје

Се бара притвор за наставничката која дилала дрога, Обвинителството поведе истрага за пет дилери

При четири претреси, полицијата на три локации нашла дрога, како и прашкаста материја за која треба се утврди дали е дрога. Четири лица се уапсени.

dobivaj vesti na viber

„Во 19.45 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Д.(37) од Свети Николе и А.Р.(31) од Скопје, затоа што кај Д.Д. била пронајдена и одземена прашкаста материја. Во 21.30 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници го лишиле од слобода А.Б.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во 00.30 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Бенд од Босна настапувал без дозволи во клуб во Кичево

СДСМ: Криминалната Влада на Мицкоски молчи за тендерите од 9 милиони евра 

Денес понеделник 1 декември почнува климатолошка зима, нема да има врнежи