Утрински Весник
Спорт

Хорнер: Задоволни сме од Макс и Чеко, нема простор за Хамилтон во Ред Бул

Хорнер: Задоволни сме од Макс и Чеко, нема простор за Хамилтон во Ред Бул
Img 5587

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека доаѓањето на седумкратниот шампион и возач на Мерцедес, Луис Хамилтон во австрискиот тим не е можно.

dobivaj vesti na viber

Хорнер беше прашан од медиумите за ангажирање на Хамилтон, откако шефот на Мерцедес, Тото Волф, рече дека ќе ја разбере желбата на Хамилтон да го напушти тимот доколку германскиот тим не најде начин повторно да се бори за самиот врв.

300x250 (7)

„Достигнувањата на Луис – никој не може да му парира во тој поглед. Сепак, среќни сме што нашата возачка постава ја сочинуваат Макс Ферстапен и Серхио Перез. Тие се многу посветени на оваа и на следната сезона. Не гледам како би можеле да создадеме простор за Хамилтон во нашиот тим“, изјави Хорнер и додаде:

„Убеден сум дека Мерцедес ќе ги решат проблемите со кои се соочуваат, не смееме да ги отпишеме во тековната сезона“.

По воведните две трки, Ред Бул е лидер во конструкторскиот поредок со 87 бодови, додека Мерцедес е на третото место со 38 бодови, колку што има и Астон Мартин на втората позиција.

Следниот тркачки викенд е закажан од 31 март до 2 април во Австралија.

Ss1

Можете да прочитате

Роналдо му ја честита титулата на Спортинг

Стојоски собори државен рекорд стар 44 години

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот