Утрински Весник
Спорт

Францускиот трагичар од финалето од Катар: Го мразам Мартинез

Францускиот трагичар од финалето од Катар: Го мразам Мартинез
Img 5587

Рандал Коло Муани можеше да стане францускиот херој во финалето на Светското првенство во Катар. Играчот на Ајнтрахт, во последните моменти од второто продолжение, имаше ситуација „еден на еден“ со голманот на Аргентине. Мартинез му го одбрани ударот, а таа одбрана подоцна новинарите ја нарекоа „одбрана на векот“.

dobivaj vesti na viber

Драматичното финале по две продолженија заврши со резултат 3:3, по изведувањето пенали титулата ја освои Аргентина.

Ss1

Коло Муани не крие дека постојано го врти во главата моментот кога излегол сам пред голманот Мартинез.

„Тоа можеше да ми го промени животот. Посакувам да можев да го оставам тој момент зад мене, но постојано се враќам на него, гледајќи ја акцијата и гледајќи дека имав шанса да постигнам гол. Но, сè се случи толку брзо“, рече тој и продолжи.

„Можев да изберам друго решение, да го барам Килијан Мбапе бидејќи беше во добра позиција, но не го видов во тој момент. Топката дојде брзо, бев фокусиран на голот и не го видов. Сега е предоцна“.

“Морам да продолжам, тоа е дел од мојата работа. Не е дека сум тажен, едноставно никогаш нема да го заборавам тој момент. Бевме блиску до титулата. Нема да лажам, го мразам Мартинез”, заклучи тој.

Ss1

Можете да прочитате

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка

Алкараз обвинет за местење натпревари