Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Касами очигледно нема ориентација во просторот

СДСМ: Касами очигледно нема ориентација во просторот

Градоначалникот на Тетово Касами очигледно нема ориентација во просторот, велат од ОО СДСМ Тетово, по објавата на градоначалникот на Тетово,  Билал Касами на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

„Недостојно е за еден градоначалник кој својата плата ја зема од парите на тетовчани кој се и Македонци и Албанци и Турци и Срби, Роми и останати, да споделува вакви ставови фаворизирајќи една етничка група. Да го потсетиме градоначалникот Касами дека на таа функција дојде благодарение на поддршката која му ја даде ВМРО-ДПМНЕ, односно со помош на македонските гласови.

Очекуваме и неговиот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ да излезе со осуда на ваквите ставови на нивниот градоначалник“, велат од СДСМ.

Можете да прочитате

Пет лица уапсени во Скопје за предизвикување пожари

Првиот ден од есента донесе снег на Пелистер

МВР со детали за пожарот во „Железара“ – зафатени две бараки