Утрински Весник
Македонија

Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од регистарот

Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од регистарот

Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ е избришан од Централниот регистар со одлука на Министерството за правда.

dobivaj vesti na viber

Клубот имаше рок да се преименува, во согласност со измените во Законот за здруженија и фондации.

Со законот се забранува основање на организации што во нивното име, програма, цели и дејности поттикнува и повикува на воена агресија, разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, екстерминација, ширење и поддршка, поттикнување и одобрување фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.

Претходно, Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов. Од тука образложија дека името на бугарскиот клуб претставува провокација за националните чувства на македонскиот со оглед на тоа што се работи за личност блиска со фашистичка идеологија, кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество.

Бугарскиот клуб веќе најави дека правдата ќе ја бара во Меѓународниот суд за човекови права.

Можете да прочитате

Мицкоски: Укинувањето на Балансерот е препорака од Европската Унија

Измерени рекордни 40 степени: Кој град беше најтопол денес во Македонија

Гаши се сретна со турскиот амбасадор: меѓусебните односи се на највисоко ниво