Утрински Весник
Спорт

Милевски и Ристовски едногласни: Имаме квалитет за триумф над Малта

Милевски и Ристовски едногласни: Имаме квалитет за триумф над Малта

Селекцијата на Малта утревечер (20.45 часот) е првиот противник на македонската фудбалска репрезентација која го отвора новиот циклус квалификации за ЕВРО 2024.  Капитенот Стефан Ристовски се надева на триумф.

dobivaj vesti na viber

“Нема да кријам, посакуваме победа над Малта. Нема да биде лесно, групата е тешка, ги имаме Англија, Италија и Украина, па Малта е ривал по мерка за да го отвориме циклусот како што посакуваме. Сега сме конечно речиси комплетни, очекувам да изгледаме добро и на теренот. Би било навистина добро да отвориме со победа”, изјави капитенот Стефан Ристовски.

Селекторот Благоја Милевски вели дека Малта сепак не е наивен противник.

“Ги анализиравме, имаат неколку квалитетни фудбалери, а сега и нов селектор. Ние сме фокусирани на нашиот настап, верувам дека момците ќе одиграат како што ќе се договориме и дека ќе имаме успешен прв настап против Малта. Македонија играше бараж за Светско првенство, играше на Европско првенство, но сето тоа е историја, сега ќе мораме повторно да докажеме дека имаме квалитет и да одиграме добро за да славиме против Малта”, изјави селекторот Милевски.

За овие два натпревари Доријан Бабунски нема да може да конкурира поради повредата на мускулот.

Можете да прочитате

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија