Утрински Весник
Спорт

Судот ја одби жалбата на Барслеона, ја поништи регистрацијата на Гави

Судот ја одби жалбата на Барслеона, ја поништи регистрацијата на Гави

Барселона гази кон титулата во Примера, но надвор од фудбалскиот терен се соочува со големи административни проблеми. Минатата недела судот ја поништи регистрацијата на Гави, Барселона поднесе жалба која судот ја одби. Оваа вест ги шокираше сите во Барселона.

dobivaj vesti na viber

Ла Лига направи се и успеа да ја поништи регистрацијата на младиот играч за врска на 18. годишноот Гави.

Во овој момент, Гави е наведен како непријавен играч и тоа може да и создаде многу проблеми на Барселона на крајот од сезоната.

Сега каталонскиот тим има дваесет дена да се обрати до Покраинскиот суд во Барселона и да ја чека нивната одлука.

Доколку на крајот одлуката биде во корист на Ла Лига, Барселона ќе биде во големи проблеми кога е во прашање потпишувањето на новиот договор со младата ѕвезда.

Раководството на Барселона сега мора да поработи и на списокот за плати на фудбалерите, во спротивно од јуни би можеле да останат без неколку првотимци. Ла Лига и наложи на Барселона да го намали лимитот за плати, за да биде испочитуван финансискиот фер-плеј.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари