Утрински Весник
Македонија

Откриен тунел во „Идризово“, затвореници со високи казни подготвувале бегство

Откриен тунел во „Идризово“, затвореници со високи казни подготвувале бегство

Затвореници во „Идризово“ копале тунел за бегство. Ова за „Макфакс“ го потврдува Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување санкции. Тој посочува дека се упатил кон затворот, а акцијата за откривање е спроведена од нивна страна во координација со повеќе институции. Детали не може да сподели и ги најави за подоцна.

dobivaj vesti na viber

Според информации на „Макфакс“, почетокот на тунелот е од шеталиштето на затворениот дел на затворот, а водел до надвор од затворот. Во овој дел на „Идризово“ казни издржуваат затвореници со високи казни, а меѓу нив има и осудени на доживотен затвор.

Извори за „Макфакс“ посочуваат дека сето ова било добро организирано и се работело по претходно разработен план. Неофицијално, сето ова било правено со месеци од страна на повеќе затвореници, распоредени во смени, во зависност од тоа кој кога ќе добиел термин за излез во шеталиштето.

На терен е излезена и увидна екипа на МВР, односно крим-полиција. Се очекуваат повеќе детали за подоцна.

Можете да прочитате

Сомнителен случај во Скопје: Изваден шраф и олабавени уште три на тркало – добивал и закани две години

Притвор побаран за 19-годишник, со малолетниот брат избоделе дете и возрасен во Чаир

Граѓански организации бараат итно разрешување на директорот на АОПЗ, Далибор Китановиќ