Утрински Весник
Спорт

Емануел Адебајор стави крај на кариерата

Емануел Адебајор стави крај на кариерата
Img 5587

Емануел Адебајор (39) ја заврши фудбалската кариера. Последниот клуб на Адебајор беше Семаси од Того.

dobivaj vesti na viber

„Мојата кариера беше неверојатно патување. Им благодарам на навивачите што го следеа секој мој чекор. Благодарен сум за се и возбуден за она што следува“, напиша Адебајор на Инстаграм.

Img 5587

Кариерата ја започна во Мец, а потоа преку Монако дојде во Арсенал каде го играше најдобриот фудбал во кариерата. Во сезоната 2007/08. постигна 24 гола во Премиер лигата. Следуваше позајмица во Реал Мадрид, по што се пресели во Тотенхем. Играше и за Кристал Палас, Башакшехир, Кајзериспор и парагвајска Олимпија.

За репрезентацијата на Того настапи 85 пати и постигна 32 гола. Тој во 2008 година беше прогласен за најдобар африкански фудбалер, а истата година влезе во најдобрите 11 на Премиер лигата. Иако играше во голем број големи клубови, единствениот трофеј што го освои беше Купот на кралот со Реал.

Ss1

Можете да прочитате

Синер го откажа настапот во Рим поради повреда на колкот

Серхи Роберто ќе потпише нов договор со Барселона

Пол-позицијата на Ферстапен пред спринт трката во Мајами