Утрински Весник
Свет

Москва: Четири земји не можат да бидат посредници во мировниот процес за Украина

„Еуроактив“: Бугарија профитираше со извоз на оружје во Киев преку посреднинци
Ss2

Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција и Германија не можат да бараат улога на неутрални посредници во мировниот процес во Украина, бидејќи тие се вклучени во конфликтот со Русија, изјавија за РИА Новости од руското Министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

Во врска со предлогот на поранешниот шеф на Минхенската безбедносна конференција, Волфганг Ишингер, да се создаде контакт група за Украина со цел да се започне мировниот процес, руското МНР соопшти дека официјално не знаат ништо за оваа иницијатива.

300x250 (7)

Ишингер изрази мислење дека во таа група треба да бидат САД, Велика Британија, Франција и Германија, а од руското министерство велат дека неговата идеја отвора легитимни прашања, пред се затоа што „сите четири споменати земји се самите учесници во конфликтот со Русија, кој продолжува на територијата на Украина“.

Министерството за надворешни работи на Русија наведува дека овие земји ја снабдуваат Украина со оружје и испраќаат платеници таму, ги снабдуваат вооружените сили на Украина со разузнавачки информации и ги обучуваат украинските војници.

Покрај тоа, тие земји „воведоа санкции кон Русија, го блокираа нејзиниот имот во странство, бараа формирање на трибунал за казнување на нејзиното раководство и ги уценуваа нејзините пријатели за да им забранат да соработуваат со Москва“, соопшти руското министерство.

Овие земји ги поддржуваат псевдомировните иницијативи на Зеленски и крајните барања за капитулација на нашата земја, кои немаат допирни точки со реалноста“, нагласуваат од руската МСП.

Ss1

Можете да прочитате

САД почнаа преговори за повлекување на 1.000 американски војници од Нигер

Од масовни гробници во болницата Насер за три дена ексхумирани над 200 тела

Пјонгјанг извршил симулација на нуклеарен контранапад