Килијан Мбапе (24) е новиот капитен на француската репрезентација, пренесува „Лекип“. Младиот напаѓач на таа позиција го наследи Иго Љорис, кој се повлече од репрезентацијата. Љорис 14 години, од 2008 до 2022 година, беше капитен на „триколорите“.
Дешам го избра 24. годишниот Мбапе наместо искусниот Антоан Гризман, што предизвика дебата во француската јавност.
Мбапе е најмладиот капитен во историјата на Франција.
Негов заменик ќе биде споменатиот Гризман, кој за Франција одигра 117 натпревари и постигна 42 гола.
Пред одлуката, Дешан рече дека клучен фактор на изборот за нов капитен ќе биде „легитимноста“ и дека ќе преовладува „заедничкиот интерес“.
Мбапе, кој беше светски првак во Русија во 2018 година со Франција, за националниот тим одигра 66 натпревари и постигна 36 гола.
Мбапе веќе ја носеше капитенската лента, против Данска во септември. Новата ера на францускиот фудбал ќе започне в петок против Холандија во Париз, три дена подоцна Франција ќе гостува во Ирска.