Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Мафијата има заштитник во Спасовски, дел од криминалните кланови не се на листата “Безбеден град”

(Видео) Спасовски: Досега запленети 100.000 парчиња пиротехнички средства, апелирам на прослави без оружје и пиротехника
Ss2

Оливер Спасовски и МВР под негова команда се заштитници на криминалот, затоа се случуваат и убиства кои остануваат нерасчистени, затоа се краде оружје од полициски депоа, затоа се дава оружје на безбедносно ризични лица, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Мафијата има заштитник во врвот на МВР. Цела недела Спасовски молчи зошто на списокот “Безбеден град” од 49 лица, 47 се припадници на криминалните групи Дуќанџик, Грчец и Бундес, но на списокот нема ниту еден член на криминалната група Беланоца, Кондово, Барон, ниту еден од повратниците од Сирија и Ирак и други лице од безбедносен интерес.

Ss1

Дали на списокот “Безбеден град” намерно се врши селекција кои криминални групи ќе бидат опфатени, а кои не? Дали одредени криминални групи се штитат од Спасовски? И дали борбата со криминалот е опструирана од МВР? Дали списокот е составен од Музафер Каришиќ, човек од доверба на Оливер Спасовски?

Дополнително дури и за лицата опфатени на оваа листа постои сомнение дека се привелигирани од Спасовски и МВР. Спасовски должи одговори и како е можно МВР по скратена постапка да дава дозволи за оружје на лица од овој список? И дали е дадено дозвола за оружје на човек во првите пет од оваа листа?“ прашуваат од опозициската партија.

Ss1

Можете да прочитате

Мисијата на ОДИХР има повеќе од 200 набљудувачи на изборите, првичните резултати ќе ги презентира утре

Дерала: Изборниот мониторинг на ЦИВИЛ е релевантен извор за странските мисии

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК