Утрински Весник
Свет

Мијачиќ: Вечерва тешко да има договор во Охрид, можеби до 22 март

Мијачиќ: Вечерва тешко да има договор во Охрид, можеби до 22 март
Dik 300x250 mk

Извршниот директор на Институтот за територијален економски развој (ИНТЕР) и координатор на Работната група за поглавјето 35 во Националната конвенција за ЕУ, Драгиша Мијачиќ изјави дека не очекува вечерва да има договор на средбата во Охрид.

dobivaj vesti na viber

„Меѓународната заедница очекува договор. Очекувам дека можеби до 22 или 23 март, пред европскиот самит, би можело да се постигне некаков договор, односно да се финализираат сите одредби. Дипломатскиот притисок е таков на двете страни што анексот ќе се усвои“ изјави Мијачиќ.

Според него, не е реално вечерва двете страни да излезат и да кажат дека имаат договор, бидејќи цврсто стојат на своите ставови, иако не ја исклучува таа можност. Зборувајќи за должината на денешната средба во Охрид, тој потсети на 2013 година кога се разговараше за Бриселскиот договор и должината на таа средба.

Мијачиќ наведува дека од изјавите на косовскио премиер Курти и на претседателот на Србија Вучиќ може да се заклучи дека вечерва тешко ќе се постигне договор.

„ Курти очекува денеска да се случи формалното потпишување, што нема да се случи. Вучиќ можеби е подготвен на некои усни согласности. Курти во неколку наврати потенцираше дека е човек на големи договори. Доколку овој договор не е во форма што може да биде потпишан, не верувам дека ќе излезе и така натаму. Можеби ќе се смени и сите четворица ќе излезат и ќе кажат дека имаме договор, но тоа за нас не е реално“, рече Мијачиќ.

Можете да прочитате

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време