Поранешниот англиски селектор, Рој Хоџсон е во преговори со Кристал Палас да се врати во клубот откако Патрик Виеира доби отказ.
Виеира утрово доби отказ по 18 месеци, поради низа лоши резултати, а како што објави Скај, 75-годишниот Хоџсон е главниот кандидат на управата да се врати во лондонскиот клуб, од каде замина во 2021 година. Претходно Хоџсон четири години го предводеше овој клуб.
Раководството на клубот разговараше со голем број кандидати, меѓу кои и Ади Хутер, кој до неодамна ја водеше Борусија Менхенгладбах.
Кристал Палас веќе објави дека тренерот на тимот до 21 година, Педи Мекарти ќе го предводи тимот на натпреварот против Арсенал в недела.
Претседателот на Кристал Палас, Стив Периш, изјави дека нема да брза да назначи нов тренер.