Утрински Весник
Свет

Зеленски за налогот за апсење на Путин: Ова е историска одлука, руската државна политика е зла

(Видео) Зеленски: Нема договор со Путин, нема да дадеме ниту дел од територијата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека одлуката на Меѓународниот кривичен суд во Хаг да издаде налог за апсење на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин е историска.

dobivaj vesti na viber

Украинскиот лидер се заблагодари на персоналот на Меѓународниот кривичен суд и на сите кои и помагаат на Украина да се бори за правда.

„Депортацијата на украинските деца е нелегално префрлање на илјадници наши деца на руска територија“, рече претседателот на Украина.

Според Зеленски, би било невозможно да се изврши таква операција без наредба на највисокото раководство на земјата агресор.

„Одвојување на децата од нивните семејства, лишување од секаква можност да стапат во контакт со нивните роднини, криење деца на територијата на Русија, растурање во далечни региони – сето тоа е очигледна државна политика на Русија, државни одлуки и државно зло што започнува со првите функционери на оваа држава“, нагласи Зеленски.

Можете да прочитате

Мјанмар ги одржува првите парламентарни избори по воениот удар во 2021 година

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти

Повеќе од 2.000 летови во САД денеска се одложени поради снежната бура