Утрински Весник
Македонија

Прегазена жена во Карпош, возачот побегнал

Прегазена жена во Карпош, возачот побегнал

Осумдесетгодишна жена била прегазена од автомобил вчера на улицата Бранислав Нушиќ во скопската населба Карпош.

dobivaj vesti na viber

Жената е хоспитализирана, а возачот се дал во бегство, по што е идентификуван од страна на полицијата.

„Вчера во Скопје на улицата Бранислав Нушиќ патничко возило „нисан микра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(20) од Скопје удрило во пешакот Л.Ц.(80) од Скопје и го напуштило местото на несреќата. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ц. констатирани во Градската општа болница 8 Септември, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа.

Можете да прочитате

Штерјова: ОЈО да отвори истрага, има ли одлука на Собранието на Лотарија за лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра 

Стружанец починал по пад во ископ за бунар

Расчистена серија тешки кражби во пет градови, уапсени две лица