Утрински Весник
Магазин

Последниот филм на Тарантино ќе се вика „Филмскиот критичар“

Последниот филм на Тарантино ќе се вика „Филмскиот критичар“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Последниот филм на истакнатиот режисер Квентин Тарантино ќе биде со наслов The Movie Critic („Филмскиот критичар“).

dobivaj vesti na viber

Режисерот на култниот Pulp Fiction („Евтини приказни“) го составува она што упатените велат дека ќе биде последен филм во неговата кариера зад камерата.

„Филмскиот критичар“ е насловот на сценариото што го напиша Тарантино и тој се подготвува да го режира филмот подоцна оваа година.

Деталите за заплетот се ограничени, но извори велат дека приказната е сместена во Лос Анџелес кон крајот на 70-тите, а во средиштето е главен женски лик.

Можно е приказната да се фокусира на покојната Полин Каел, една од највлијателните филмски критичари на сите времиња. Таа беше позната по својот агресивен пристап и се бореше и со монтажерите и со филмаџиите.

Во доцните 70-ти Кејл накусо работеше како консултант за „Парамаунт“ по налог на актерот Ворен Бити.

Се чини дека времето на нејзиниот ангажман во студиото се совпаѓа со дејството на сценариото на Тарантино.

Квентин Тарантино е еден од најуникатните режисери и сценаристи на денешницата. Неговата љубов кон филмот и огромното знаење може да се видат во неговите филмови „Касапски кучиња“, „Евтини приказни“, „Џеки Браун“, „Убиј го Бил“ (прв дел, 2003, втор дел, 2004), „Отпорен на смрт“, „Беше еднаш во Холивуд“ и други.

Тој се издигна до слава во раните 90-ти како независен филмски уметник, чии филмови користеа нелинеарен тек на приказната и стилизирано насилство.

Можете да прочитате

Михи – првата вселенска патничка во ортопедска количка

Рим ќе наплаќа влез за фонтаната Ди треви

Sarah Mace & The Girlzz ја отворија празничната сезона со магичен концерт во Битола