Утрински Весник
Магазин

Режисерот на „Џон Вик“ навести пауза на серијалот

Режисерот на „Џон Вик“ навести пауза на серијалот
Ss2

Режисерот Чад Стахелски создаде четири филмови за одмаздникот Џон Вик – последниот е „Џон Вик: Поглавје 4“ – но тој одлучи да направи пауза.

dobivaj vesti na viber

До 23 март, фановите можеби ќе сакаат да уживаат во секој момент од речиси тричасовниот филм бидејќи по одјавата, ќе помине некое време за да го гледаат Џон Вик 5, 6 или можеби дури и 7.

Img 5587

„Кијану и јас моментно сме готови. Ќе го оставиме Џон Вик малку да се одмори. Сигурен сум дека студиото има план. Ако им се допадне на сите и ако биде лошо ќе направиме пауза,“ изјави Стахелски во интервју за „Холивуд репортер“.

„Џон Вик секогаш, поради некоја чудна причина, ги има последните премиери во Јапонија. Секогаш е три месеци подоцна. Ако е исто и овој пат, ќе направиме јапонска турнеја и ќе го пуштиме филмот во септември,“ вели режисерот.

„Кијану и јас ќе одиме на долго патување во Токио, ќе седнеме во шкотскиот бар на хотелот ‘Империал’. Ќе испиеме неколку виски стари 20 години и ќе напишеме неколку идеи на салфетки. Ако тие идеи останат, можеби ќе снимиме филм.“

Првиот филм за Џон Вик беше објавен во 2014 година, и го следи насловниот лик кој го глуми Кијану Ривс. Тој тргнува во одмазда против луѓето што го убиле неговото саканото кученце, подарок од покојната сопруга.

Ss1

Можете да прочитате

Во ресторани и канцеларии во Велика Британија ќе бидат забранети нови родово неутрални тоалети

Никола Роквиќ Велигден го помина во Македонија, се огласи на 14. ден од подвигот

Малме со засилени безбедносните мерки одбројува до почетокот на Евровизија