Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и постудено, на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег

Променливо облачно време со засилен северен ветер

Во текот на ноќта беше облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи имаше во југозападните делови. Дуваше умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

dobivaj vesti na viber

Утрово е претежно облачно и ветровито со умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Денеска ќе биде променливо облачно и постудено, на планините и на повисоките места локално ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен до силен северен ветер, на повеќе места со брзина и над 70 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и ветровито со засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

Можете да прочитате

Морачанин си поднесе оставка од претседател на ДОМ

По повикот на Битиќи и Костадинов си поднесе оставка од СДСМ

Падна првата оставка во СДСМ