Утрински Весник
Економија

(Видео) Трипуновски на трибина со земјоделците од Полошкиот регион: Состојбата во земјоделството е катастрофална

(Видео) Трипуновски на трибина со земјоделците од Полошкиот регион: Состојбата во земјоделството е катастрофална

Претседателот на Републичката комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски вечерва на трибина во Тетово со земјоделците од полошкиот регион рече дека целта на оваа трибина е да се зборува за идни решенија во земјоделскиот сектор и нормално она кое што најмногу ги засега земјоделците од овој регион.

dobivaj vesti na viber

„ Практично ние ќе бидеме корективот на моменталната власт, и она што значи подобро утре за сите земјоделци во државата и решавање на сите актуелни проблеми.

Тоа е и целта на оваа трибина и оваа комуникација ќе продолжи и во следниот период, која што ќе значи влевање надеж на земјоделците ширум Македонија, кои што во овој момент слободно можам да кажам ги живеат најцрните денови од постоењето на нашата држава“ рече Трипуновски.

Можете да прочитате

Левица: Додека ДПМНЕ пропагира многудетни семејства, секое трето дете живее во сиромаштија!

МАСИТ на средба со амбасадорката на Грција го најави првиот ИКТ Бизнис Форум „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026″

ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е СДС да зборува за економија, a токму тие ја оставија државата со празна каса