Утрински Весник
Спорт

Роналдо ќе продолжи да игра за Португалија

Роналдо ќе продолжи да игра за Португалија

Кристијано Роналдо уште не завршил со португалската репрезнетација, откако и новиот селектор Роберто Мартинз ќе го вклучи во мечевите од квалификациите за Евро 2024, објавува „Атлетик“.

dobivaj vesti na viber

Според нивните информации, Мартинез веќе разговарал со напаѓачот на Ал-Наср, пред да го вклучи во составот, ставајќи крај на шпекулациите дека ќе се повлече од репрезентацијата откако беше маргинализиран од претходниот селектор Фернандо Сантош на Светското првенство во Катар.

38-годишниот Роналдо е заеднички рекордер по бројот на настапи во репрезентативниот дрес покрај Бадер Ал-Мутава од Кувајт, и двајцата ќе бидат во акција ист ден – Португалија против Лихтенштајн, а Кувајт против Филипините. Покрај Лихтенштајн, следен противник за Португалија е Ирска.

Можете да прочитате

Златната топка на Марадона од 1986 ќе се продава на аукција во Франција

Златната топка на Марадона оди на аукција, се очекуваат милиони

Одбиена жалбата на Нотингем Форест