Најмалку 10 лица ги загубија животите во поплавите во две турски провинции, кои беа разурнати од катастрофалниот земјотрес минатиот месец, јави денеска АП.
Силниот дожд и поплавите создадоа дополнителен проблем за илјадниците луѓе што останаа без покрив над главата, додаваат турските власти.
https://www.youtube.com/watch?v=dXmmPskbvuw
Едно лице загина во градот Тут во југоисточната провинција Адијаман кога водата однела контејнер во кој живеела група преживеани од земјотресот, изјави гувернерот Нуман Хатипоглу.
Четири лица од Тут се водат за исчезнати.
https://www.youtube.com/watch?v=Fol_v69l2RU
Во соседната провинција Шанлиурфа четири лица загинаа, а двајца пожарникари исто така се водат за исчезнати по поплавите, изјави гувернерот Салих Ајхан за „Хабертурк“.
Малку подоцна спасувачите пронајдоа тела на пет сириски државјани во поплавен подрум во Шанлиурфа.
Силен земјотрес ги погоди јужните делови на Турција и Сирија на 6 февруари, при што загинаа повеќе од 56.000 луѓе, повеќето од нив во Турција.