Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ тераат гола политика, со минимална или просечна плата не може да се наполни потрошувачка кошница

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ тераат гола политика, со минимална или просечна плата не може да се наполни потрошувачка кошница

Додека Димитар Ковачевски мести криминални тендери за изградба на коридорите 8 и 10д, додека државата губи над 40 милиони евра поради пропадната еврообврзница и неизграден клинички центар, СДС се фалат дека ја покачиле минимална плата и пензиите, а граѓаните тонат во сиромаштија и беда. Над 500.000 наши сограѓани живеат на прагот на сиромаштијата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека само забегана, неспособна влада и трајно неспособен премиер како Ковачевски може да се фали дека има покачување на минималната плата во време кога државата се соочува со двоцифрена инфлација.

Според ВМРО-ДПМНЕ, инфлацијата во Македонија како резултат на неспособноста на владата изнесува вртоглави 17,1 процент и ја јаде вредноста на парите. На едно четиричлено семејство за еден месец да ги задоволи основните животни потреби за еден месец за храна, сметки за домување, облека, обувки и лекови потребно му се 50.799 денари. Што значи дека со една минимална или просечна плата во државата не може да се наполни ниту една потрошувачка кошница.

Во соопштението се вели дека Владата замрзна само неколку цени на прехранбените производи, додека сите други цени стигнаа до плафон. И ова е задоцнета мерка од која никаков бенефит немаат граѓаните.

Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, ако навистина СДС и Ковачевски водат грижа за квалитетот на живот на граѓаните, тогаш само со реален раст на платите и пензиите ќе го зачува стандардот на граѓаните.

СДС и Ковачевски тераат гола политика. СДС и Ковачевски не можат да ја согледаат вистинската состојба. Ним единствен интерес им се криминалот и бизнис зделките.

Што побрзо заминат толку подобро е за граѓаните и државата.Потребни се промени, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст