Утрински Весник
Свет

(Видео) Налет на ветер го откри пиштолот со кој се шета полскиот министер

(Видео) Налет на ветер го откри пиштолот со кој се шета полскиот министер
Dik 300x250 mk

За време на вчерашната церемонија на положување венец на споменикот на жртвите од рударските несреќи во централна Полска, новинарите го забележаа министерот за правда Збигњев Зиобро како носи пиштол околу појасот.

dobivaj vesti na viber

Налетот на ветерот откри дека министерот Зиобро имал пиштол под палтото. Полска, како и повеќето земји од Европската унија, има строги правила за набавка на оружје и на многу малку луѓе им е дозволено да го поседуваат или носат на јавно место.

Критичарите на социјалните мрежи тврдат дека министерот не е сигурен во заштитата што ја добива како јавна личност, но поддржувачите забележуваат дека Зиобро, кој е и главен обвинител, добивал смртни закани. Зиобро на денешната прес-конференција изјави дека дозволата за оружје ја добил откако пред неколку години било откриено дека шефот на организираниот криминал повикал на негово убиство, пишува „Асошиетед прес“.

„Како и секој граѓанин, така и јас имам право да користам средства кои ја гарантираат мојата и безбедноста на моето семејство“, посочи Зиобро.

На прес-конференција, премиерот Матеуш Моравјецки рече дека сите граѓани, вклучително и министерот за правда, имаат право да се обидат да добијат дозвола за поседување оружје.

 

Можете да прочитате

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил

Русија: За да биде потпишан мировен договор, Токио треба да се откаже од антирускиот курс

Новите санкции ќе ја чинат Русија 50 милијарди долари годишно вели Зеленски