Утрински Весник
Свет

Британка лажно обвинила мажи за силување, сама си нанела повреди со чекан

Британка лажно обвинила мажи за силување, сама си нанела повреди со чекан

Судот во англискиот град Престон ја осуди 22-годишната Елинор Вилијамс на осум и пол години затвор за лажно обвинение на група Азијци за силување. Вилијамс објави фотографии од повредите на социјалните мрежи тврдејќи дека тие се резултат на физички напад, што предизвика протести во нејзиниот роден град Бароу.

dobivaj vesti na viber

Во текот на судењето било откриено дека девојката сама си ги нанела раните со чекан. За време на дводневното рочиште беше кажано дека тројцата мажи, кои беа лажно обвинети од Вилијамс, се обиделе да си го одземат животот откако претрпеле „пекол на земјата“, пишува Би-би-си.

Судијата Роберт Алтам рекол дека Вилијамс имала тешкотии уште од детството и историја на самоповредување. Сепак, тој нагласи дека нејзините наводи се крајно сериозни и дека е загрижувачки тоа што „нема значителни знаци на каење“ и „нема објаснување зошто обвинетата ги извршила овие кривични дела“.

„Таа отиде до крајни граници за да создаде лажни обвиненија, вклучително и предизвикување значителна штета“, додаде судијата. Лажните обвиненија резултираа со „состојба на зголемена тензија“ во Бароу, при што полицијата ги опишува турбуленциите како нешто што не се видело во градот со децении.

Протести беа организирани и пред полициската станица.

Можете да прочитате

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина

Во Велика Британија почна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија