Утрински Весник
Магазин

Дали се вистински? Јужнокорејски женски бенд нуди поглед во метаверзумот

Дали се вистински? Јужнокорејски женски бенд нуди поглед во метаверзумот

Пред помалку од два месеца првото музичко видео на јужнокорејскиот женски квартет „Мејв“ (MAVE:) стана вирално, собра речиси 20 милиони прегледи на „Јутјуб“ и постави терен за потенцијален глобален успех.

dobivaj vesti na viber

На прв поглед „Мејв“ изгледа како секој друг идолизиран К-поп бенд, освен што постои само виртуелно. Четирите девојки – Сиу, Зена, Тајра и Марти – живеат во метаверзум, а нивните песни, танци, интервјуа, па дури и фризурите, ги креираа веб-дизајнери и вештачка интелигенција.

„Кога првпат ги видов MAVE: беше малку збунувачки да се каже дали се луѓе или виртуелни ликови“, вели Хан Су-мин, 19-годишник од Сеул. „Бидејќи често користам метаверз-платформи со моите пријатели, чувствувам дека би можел да станам нивни фан.

Аватарите на квартетот, кои личат на луѓе, даваат ран увид за тоа како метаверзумот ќе се развива додека јужнокорејската забавна и технолошка индустрија се здружуваат со новата технологија.

Тоа исто така претставува сериозен притисок од технолошкиот гигант Kakao Corp да стане доминантна сила во забавата. Освен поддршката за женскиот квартет, оваа корпорација минатата недела лансира тендерска понуда од 1,25 трилион вони (1,29 милијарда долари) за купување на пионерот на јужнокорејскиот К-поп, „СМ ентертејнмент“.

СМ е дом на популарните К-поп групи, како Girls’ Generation, H.O.T., Exo, Red Velvet, Super Junior, Shinee, NCT Dream и Aespa.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста