Утрински Весник
Магазин

(Видео) Најемотивниот настап на Оскарите: Џон Траволта низ солзи најави песна посветена на починатите ѕвезди

(Видео) Најемотивниот настап на Оскарите: Џон Траволта низ солзи најави песна посветена на починатите ѕвезди
Img 5587

Лени Кравиц имаше емотивен настап за време на сегментот „In Memoriam“ на 95-тото доделување на Оскарите во чест на ѕвездите кои починаа во изминатата година.

dobivaj vesti na viber

Настапот го најави Џон Траволта, кој се обиде да ги задржи солзите.

Ss1

Но, во тоа не успеа, па низ солзи го најави Лени Кравиц, а особено го растажи споменот на Оливија Њутн-Џон, неговата колешка од „Брилијантин“.

Кравиц ја изведе „Calling all angels“, хит од 2004 година.

Lenny Kravitz performs during the In Memoriam Oscars tribute at the 95th Academy Awards, in Los Angeles, California, U.S., March 12, 2023. REUTERS/Carlos Barria

Зад него на сцената за време на баладата наизменично се менуваа фотографии од Кристи Али, Реј Лиота, Џулија Рајчерт, Ракел Велч и многу други.

„Тие ни ги допреа срцата. Знаеја да не насмеат, беа наши пријатели кои никогаш нема да ги заборавиме“, изјави Траволта со солзи во очите,пренесе Нова.рс.

Ss1

Можете да прочитате

Што се случува со телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Користењето скали штити од срцева слабост, срцев и мозочен удар

Принцот Вилијам повеќе не е најпопуларен, го престигна Кејт Мидлтон