Утрински Весник
Свет

Непосакуваните пензиски реформи ги судрија Французите со полицијата

Франција протест поради пензиски реформи
Img 5587

Француската полиција денеска се судри со демонстрантите во неколку градови за време на новите демонстрации против планот за реформа на пензискиот систем.

dobivaj vesti na viber

Агенцијата АП наведува дека демонстрантите се уште се многу решителни, но дека се собрале во помал број отколку на претходните протести.

Ss1

Полицијата употреби солзавец во судирите во Париз, а демонстрантите со качулки палеа контејнери и уништуваа автобуски постојки, улични светилки и друга улична опрема.

Медиумите јавуваат дека немири имало и во Нант, а приведени се вкупно 11 лица.

Според проценките на МВР, на демонстрации низ државата излегле 368.000 луѓе, што е многу помалку од милион, колку што учествуваа на маршевите во вторникот. Според полицијата, во Париз се собрале 48.000 луѓе.

Ова се седми протести во врска со планот на Владата за зголемување на старосната граница за пензионирање. Парламентот веќе расправа за предлог-законот, а можно е конечното гласање да се одржи до крајот на месецот.

Ss1

Можете да прочитате

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум

Блинкен со Херцог: Време е да се прекине огнот и да се ослободат заложниците