Утрински Весник
Свет

Непосакуваните пензиски реформи ги судрија Французите со полицијата

Франција протест поради пензиски реформи

Француската полиција денеска се судри со демонстрантите во неколку градови за време на новите демонстрации против планот за реформа на пензискиот систем.

dobivaj vesti na viber

Агенцијата АП наведува дека демонстрантите се уште се многу решителни, но дека се собрале во помал број отколку на претходните протести.

Полицијата употреби солзавец во судирите во Париз, а демонстрантите со качулки палеа контејнери и уништуваа автобуски постојки, улични светилки и друга улична опрема.

Медиумите јавуваат дека немири имало и во Нант, а приведени се вкупно 11 лица.

Според проценките на МВР, на демонстрации низ државата излегле 368.000 луѓе, што е многу помалку од милион, колку што учествуваа на маршевите во вторникот. Според полицијата, во Париз се собрале 48.000 луѓе.

Ова се седми протести во врска со планот на Владата за зголемување на старосната граница за пензионирање. Парламентот веќе расправа за предлог-законот, а можно е конечното гласање да се одржи до крајот на месецот.

Можете да прочитате

Генерален штрајк во транспортниот сектор утре во Германија

Русија по грешка призна дека Украинците сепак ѝ потопиле воен брод

Путин: Распоредуваме тактичко нуклеарно оружје во Белорусија