Фудбалерите на Борнмут пред своите навивачи го совладаа тимот на Ливерпул и направија големо изненадување во првиот натпревар од 27. коло на Премиер лигата.
Натпреварот на стадионот Виталити заврши со резултат 1:0.
Овој натпревар следеше по двата интересни натпревари што ги одиграа овие тимови минатиот викенд. По нереалната победа на Ливерпул во најголемото англиско дерби над Манчестер Јунајтед од 7:0 и големиот пресврт на Арсенал во Лондон против Борнмут каде гостите водеа со 2:0 и на карјот загубија 3:2 со гол во 97. минута.
Мечот го реши голот на Филип Билинг во 28.минута. Ливерпул најдобрата шанса ја имаше во 67.минута, но Салах не реализираше удар од 11 метри.