Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Ги штитиме граѓаните, за 10 и 15 отсто ги намалуваме цените на тестенините и на млечните продукти

Каевски: Наместо проекти и решенија, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините

Десетина дена по одлуката за замрзнување на цената на белиот и полубел леб од 450 грама на 33 денари, Владата предводена од СДСМ донесе нова одлука со која се корегираа цените на други прехрабени продукти, рече на денешната прес конференција Дарко Каевски.​

dobivaj vesti na viber

-Од понеделенк 13 март цените на тестенините, поточно на шпагетите и макароните, ќе се намалат за 15 отсто, односно за осум или девет денари во однос на цената која се применувала на први март во трговијата на мало во државата. Покрај тоа, се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие продукти за период од 13 март 2023 година до 31 мај 2023 година, рече Каевски.

Тој додаде дека од среда, 17 март намалување на цените ќе се применува и на млекото и млечните производи. Цените на овие производи ќе се намалат за 10 отсто.​ Се намалуваат цените на млекото со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, урдата, кравјoто бело сирење и мешано бело сирење, кравјиот кашкавал, киселото млеко, павлаката и јогуртот кој е без додатоци.

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната седмица ни следуваат многу дожд и локално невреме

Министерката Димитриеска-Kочоска во работна посета на САД

Љутков: Доцнењето е поради долгогодишниот, нерешен проблем со усогласувањето на платите на вработените во културата, извинете за оваа непријатност