Утрински Весник
Политички Партии

Томовски од ВМРО-ДПМНЕ: 18 милиони евра за пропадната еврообврзница и кејфот на Ковачевски, а луѓе умираат зошто нема лек за цистична фиброза

Ицива Томовски

Игор Пехчевски, кој фотографиран со транспарент во болнички кревет обелодени за проблемот со недостиг на лекот „трикафта“ со кој се лекуваат пациентите со цистична фиброза, сè уште не го добил лекот, изјави денеска Ивица Томовски од ВМРРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

– Проблемот како што кажува владата се 20 милиони евра кои се потребни за овој лек. Не се работи за недостиг на пари, туку за недостиг на способност и волја да се помогне. Пари има. Само 18 милиони евра владата изгуби, и потроши на пропадната евро обврзница и тука се работеше за борбата на суети на министерот за правда кој го разрешија, и премиерот кој беше подготвен да пропаднат 18 милиони евра само да нема повредена суета, – рече Томовски.

Според него, „таквата нивна лична игранка не го решава проблемот на Игор кој и понатаму нема добиено лек“.

Можете да прочитате

РЕС одбележува една година постоење – Компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија во енергетската криза

Ковачевски: Не трошиме за милионски жални врби, галии, стиропор туку го унапредуваме здравството

Демократски сојуз: Стејт Департментот алармира за корупција на владата, а СДСМ го саботира предлог-законот за борба против висока корупција