Утрински Весник
Спорт

Хорнер: Астон Мартин ќе ни бидат најголеми ривали

Хорнер: Астон Мартин ќе ни бидат најголеми ривали

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека најголемиот ривал на неговиот тим во новата сезона ќе биде тимот на Астон Мартин.

dobivaj vesti na viber

Макс Верстапен и Серхио Перез ги освоија двете водечки позиции на првата трка во Бахреин, а на подиумот им се придружи и ветеранот Фернандо Алонсо, кој од оваа сезона вози за Астон Мартин.

„Тие изгледаа многу силни за време на трката. Уживав додека го гледав на подиумот и тоа им дава надеж на 40-годишниците дека во него сè уште има живот“, рече Хорнер и додаде:

„Возеше многу добро, сè уште е конкурентен и Астон Мартин имаат добар болид. Гледајќи ги резултатите по првата трка, мора да кажете дека тие се вториот најсилен тим“.

Заслугите се и кај техничкиот директор на Астон Мартин, Ден Фелоус, до неодамна шеф за аеродинамика на Ред Бул. Хорнер не жали што тој го напушти австрискиот тим.

„Не жалам, затоа што имаме одличен тим. Нè радува кога ја гледаме сличноста во нивниот болид со нашиот и затоа ни е драго што тројцата беа на подиумот. Велат дека имитирањето е најголемата форма на додворување“, заклучи Хорнер.

Можете да прочитате

Поранешниот селектор на Кина призна дека примил 10 милиони евра мито

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Чави и да не се премисли останува во Барселона