Утрински Весник
Македонија

МВР: Се преземаат мерки и активности за расчистување на вчерашното убиство во Скопје

МВР: Се преземаат мерки и активности за расчистување на вчерашното убиство во Скопје

Две лица загинаа, а едно е повредено во пукање кое се лучило вчера во угостителски објект на улица „Самоилова“ во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР, вчера во 20.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Самоилова“ во Скопје пет лица облечени во црна облека со фантомки од огнено оружје пукале кон Ј.К. (37) и Е.И. (28), кои починале на местото на настанот, и кон А.Т.(34) од Скопје, кој се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

По насоки од јавен обвинител, извршени се службени разговори со повеќе лица и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на убиството.

„Макфакс“ вчера објави неофицијални детали за тоа како се случувало планираното убиство. Вооружената група составена од околу пет лица, била облечена во униформи, кажала дека ќе се прави полициска рација и рекла никој да не мрда. Убиените седеле во одделна просторија, каде биле убиени.

Убијците од Чаршија избегале со „ауди“, кое е запалено на излезот кон скопската обиколница.

Можете да прочитате

Николоски учествува на висок министерски форум во Истанбул

Сиљановска-Давкова прими припаднички на Армијата кои успешно завршија обука во САД

Викендов сончево и малку посвежо време