Утрински Весник
Економија

ЕВН Македонија повторно ги отвори вратите на музејот „Матка“

ЕВН Македонија повторно ги отвори вратите на музејот „Матка“

Единствениот музеј за електрична енергија во земјата, музејот „Матка“ на ЕВН Македонија, од денес е повторно отворен за посетителите. Првиот ден на новата сезона се одбележа со настан за енергетската ефикасност на кој експерти од компанијата објаснија зошто разумното користење на енергијата е од посебна важност. На целодневниот настан учествуваа стипендисти на компанијата на техничките факултети и ученици од паралелките за дуално образование на ЕВН во СЕТУ „Михајло Пупин“.

dobivaj vesti na viber

Преку експонатите со мултимедијален и интерактивен пристап, учесниците се запознаа со поимот и историјата на електричната енергија, производството, преносот, дистрибуцијата и снабдувањето. Во текот на настанот, тие добија многу совети за штедење на електрична енергија и разумно користење на истата.

Глобалната енергетската криза пробуди голем интерес кај граѓаните од сите возрасни групи за да се информираат во врска со енергетската ефикасност и штедењето, а токму во овој Изложбен центар посетителите може да научат повеќе на овие теми. Содржините во музејот „Матка“ се на македонски, албански и англиски јазик, а влезот е бесплатен.

Изложбениот центар „Матка“ е отворен во 2017 година. Објектот е сместен во зградата на старата хидроцентрала на Матка во Скопје. До сега вкупно го имаат посетено околу 20.000 посетители. Центарот е добитник на наградата „Музеј на годината“ која ја доделува ICOM (International Council of Museums) – Македонија, како и на Националната награда за општествена одговорност, што ја доделува Министерството за економија.

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст