ЈОУ Културен и информативен центар Битола и ДЛУБ најавуваат отворање на изложба по повод интернационалниот ден на жената 8 Март.
Изложбата е најавена за среда во кристалната сала на Офицерскиот дом – КИЦ Битола, во 19.00 часот.
„Кој друг ако не уметникот е најповикан да ја изнесе на светлина сета женска убавина, храброст, милост и саможртва… 8 Март е симбол на денот кога жените застанаа рамо до рамо со мажите да се борат за подобар заеднички свет, вели организаторот на изложбата.