Утрински Весник
Спорт

Радоњиќ играше само 14 минути, Јуриќ: Момчето има талент, но не е фудбалер

Радоњиќ играше само 14 минути, Јуриќ: Момчето има талент, но не е фудбалер

Јувентус го победи Торино со 4:2 во градското дерби. Натпреарот покрај одличната игра на Јувентус, го обележа и потегот на тренерот на Торино, Иван Јуриќ.

dobivaj vesti na viber

Во 60.минута, Јуриќ на теренот го испрати српскиот репрезентативец, Немања Радоњиќ, кого го повлече од игра по само 14 минути игра.

„Ти си крив“, рекол Јуриќ, за кого Радоњиќ е виновен за третиот гол на „Стара даме“.

Имено, Јуриќ смета дека Радоњиќ требало да се доближи и да се обиде да го блокира центаршутот на Федерико Киеза пред голот на Бремер.

„Ова момче има талент, но очигледно во шесте месеци што работиме заедно, не успеав да го претворам во фудбалер. Мора да бидете присутни и да внимавате на корнерите. Понекогаш се извлекуваме со вакви дистракции , но денеска ја плативме цената“, изјави хрватскиот стручњак.

Радоњиќ се огласи по натпреварот, со порака на италијански, на социјалните мрежи.

„Верувај во себе, дури и кога никој друг не го прави тоа. Бог гледа сè!”

Радоњиќ игра во Торино како позајмен фудбалер од Марсеј. Оваа сезона 27.годишникот одигра 22 натпревари, но повеќето ги започна од клупата за резерви. Тој постигна четири гола со две асистенции.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина