Утрински Весник
Спорт

Новак Ѓоковиќ ја надмина и Штефи Граф, и сега е единствен во светот на тенисот

Новак Ѓоковиќ ја надмина и Штефи Граф, и сега е единствен во светот на тенисот

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 378. недела на врвот на АТП-листата, соборувајќи го рекордот на Штефи Граф по бројот на недели на врвот на светската ранг-листа.

dobivaj vesti na viber

Кога го престигна Федерер по бројот на недели на врвот на АТП листата, му остана да ја надмине и Штефи Граф, иако се работи за женска конкуренција. Тоа беше рекордот од 377 недели како број еден. Сега српскиот тенисер е единствен во светот на овој спорт.

Тој моментно има 6980 бодови со тенденција да ги зголемува во зависност од тоа колку далеку ќе стигне на турнирот во Дубаи што го игра оваа недела.

Зад него е Карлос Алкараз кој пропушти шанса да му парира на Новак, откако го загуби финалето во Рио од Камерон Нори. Шпанецот заостанува 200 бода зад Ѓоковиќ.

На третото место на АТП – листата е Стефанос Циципас со 5805 поени, а по него е Каспер Руд со 5515. Нешто поголема е разликата во однос на остатокот од листата, а топ 10 ја сочинуваат и Тејлор Фриц, Андреј Рубљев, Данил Медведев, Рафа Надал, Феликс Оже-Алијасим и Холгер Руне.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ