Утрински Весник
Македонија

Притвор за две лица од Скопје поради неовластено поседување на оружје

Едно лице приведено, пронајдени пиштол и муниција при претрес во Тетово

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против маж и жена од Скопје, осомничени дека сториле кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

На 23 февруари, за сума од 1500 евра, осомничениот во Прилеп набавил автоматско оружје кое им е забрането на граѓаните – пиштол марка „Шкорпион“ со една рамка без куршуми.

Тој и го дал на осомничената која го ставила во својот ранец и со мотор се упатиле кон Скопје.

На автопатот Велес-Градско ги застанале полициски службеници и при извршената проверка го откриле и одзеле пиштолот кој граѓаните не можат да го поседуваат со дозвола.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи оцени дека постои опасност тие да се дадат во бегство, да се обидат да влијаат врз вештаците или да го повторат делото.​

Можете да прочитате

Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати

Сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива по една коловозна лента

Четврти Меѓународен форум на креативни индустрии во Скопје