Утрински Весник
Македонија

Милошоски: Со Меџити, министерството за здравство станува министерство за градежништво „Тафталиџе 2“

Милошоски: Со Меџити, министерството за здравство станува министерство за градежништво „Тафталиџе 2“

„Јас денес ќе зборам повеќе за министерството за здравство. Министерството за здравство односно министерство за градежништво Тафталиџе – 2, генерално така се од прилика распоредени кадрите во здравството. Предлог за здравство е докторот Фатмир Меџити, кој што ако пробате да просурфате на интернет на „Гугл“ или било која друга платформа ќе видите дека во медицинската фела е тотален анонимус, нема никакви стручни трудови, нема никакви научни трудови, нема никакви поголеми проекти кои што ги има направено во здравството. А, имал прилики бидејќи бил најдоверливиот советник на министерот за здравство во 2017-тата година на тогашниот министер г. Таравари“, истакна пратеникот Антонијо Милошоски на денешната собраниска седница.

dobivaj vesti na viber

Милошоски рече дека колку се блиски Таравари и предложениот Фатмир Меџити покажува и податокот дека во 2017-тата година, Фатмир Меџити станува претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. И во Фондот за здравствено осигурување беспрекорно тогаш функционирал тандемот Таравари – Меџити, вели тој.

„Дискусиите предничеле со фаворитите Фатмир Меџити и Ден Дончев, и секогаш биле донесувани позитивни одлуки за повеќе пари во приватните клиники. А, тоа наведува на сомнеж дека ваквиот голем интерес за зголемување на средствата за приватните клиники веројатно е поврзан и со некоја добивка кај господата Ден Дончев и Фатмир Меџити“, рече Милошоски.

Тој додаде дека во еден од записниците од 2017-та година може да се види дека еден од тогашните раководители на Фондот за здравствено осигурување, Рамадани, како приоритет се обидува да им објасни на директорот Ден Дончев и на Фатмир Меџити дека во изминатите неколку месеци Фондот го напуштиле 7 информатичари инженери и со тоа се наоѓа Фондот во незавидна позиција како институција која што располага со многу податоци. Но, тоа воопшто не било приоритет ниту за Фатмир Меџити, а помалку за Ден Дончев, за нив било приоритет како да се обезбедат повеќе средства за клиниката „Жан Митрев“ и за другите приватни клиники, појасни пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

Министерството за култура и туризам формира работна група за унапредување на дејноста на туристичките водичи во Македонија

Викендов Галичка свадба – 24info.mk