Утрински Весник
Македонија

Малолетници претепале друг малолетник од Скопје, уапсени 12 лица

Две лица се здобиле со исеченици по тепачка во трговски центар во Кочани, имало и пукање

Синоќа во 21.20 часот на ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Џ.(19), Ј.М.(18) и 10 малолетници, сите од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Тие околу 21.05 часот на кеј на река Вардар, под мостот „Гоце Делчев“, физички нападнале малолетник од Скопје, при што употребиле тврди и остри предмети.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

КОД открива: Фарма во Трубарево добила лиценца за отпад – зад неа стоеле „Нула отпад“ и „Ф-Групација“

Расипан клучниот радар во МНАВ, контролорите не ги гледаат авионите при слетување

Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце