Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против скопјанец за загрозување на животната средина и природата со отпад

Кривична пријава против скопјанец за загрозување на животната средина и природата со отпад

50-годишен скопјанец е осомничен за загрозување на животната средина и природата со отпад, информира полицијата.

dobivaj vesti na viber

Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, поднела кривична пријава против А.А.(50) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад” по член 230 од Кривичниот законик.

Имено, на 06.10.2022, полициски службеници од Единица за економски и компјутерски криминал и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и од Државниот инспекторат за животна средина извршиле контрола на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во општина Чучер Сандево.

Притоа, на местото бил затекнат пријавениот како тргува со отпад без да е регистриран во Централен регистар како физичко лице или како трговец поединец и без да поседува Дозвола за вршење дејност за управување со отпад, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Можете да прочитате

Тошковски за МРТ: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година

СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице

САД пренасочуваат воена помош од Македонија кон Латинска Америка