Утрински Весник
Свет

Пекинг одговори на критиките во врска со украинскиот план

Пекинг одговори на критиките во врска со украинскиот план

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Бенбин, одговори на критиките за кинескиот план за решавање на украинската криза велејќи дека оние што го критикуваат планот се обидуваат да ја извалкаат Кина.

dobivaj vesti na viber

Со тие зборови тој одговори на критиките дека нема ништо ново во предлозите што Кина ги претстави во 12-те точки.

„Верувам дека оние што шират такви неосновани мислења само се обидуваат да ја оцрнат Кина“, истакна кинескиот дипломат.

Претходно, Кина објави документ од 12 точки во кој детаљно е опишан нејзиниот став за решавање на конфликтот во Украина, а најважна точка е итен прекин на непријателствата и преминување кон мировни преговори.

Во документот со наслов „Кинеската позиција за политичкото решение на украинската криза“, кинеското одделение за надворешна политика наведува дека Кина ќе продолжи да игра конструктивна улога во продолжувањето на мировните преговори, пренесе „Новости.рс“.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња